|
Добродојдовте на нашата веб страна. Со гордост Ви ја преставуваме нашата Невладина Организација РОМА ПРОГРЕС. На овие страници ќе Ви бидат достапни информации за нашата НВО. Како што се нашиот историјат, мисија, визија и најбитно нашата цел а воедно и нашите активности. |
|
|
„РОМА СТАР 2008“ се одржа на 29.11.2008 во Спортската сала во Виница. Настанот го следеа над 600 граѓани од северо-источниот регион на Република Македонија. Организатори на оваа активност беа ЗГ - Рома Прогрес, заедно со мрежата за зачувување и промоција на Ромската култура и идентитет, која што функционира во рамките на здружението. Исто така, како покровители на оваа манифестација се јавија локалните самоуправи на Кратово, Ранковце, Кочани и Виница, од голема помош беа и референтите за малцински прашања од Кочани и Виница. Голема благодарност до сите нив. На манифестација видовме пејачи - аматери од Виница, Кочани, Кратово, Берово, Црник и Ранковце. Првото место му припадна на пејачот од Виница, Муки Мемедов, второто на Црник, Серхин Ламовски и третото на Берово, Алмир Дестановски. За време на целата манифестација имаше богата културно-уметничка програма. Жирито се состоеше од професионални Ромски музичари како Амза Таиров, Куртиш Кадриев, Ерол Asimov и др, Публиката, исто така имаше можност да додели награда на својот миленик. Наградата од публиката ја доби учесникот од Кочани, Арвинт Ибраимов. Целиот настан беше медиумски покриен од страна на ТВ Кочани. Да се надеваме и дека во иднина ќе имаме вакви иницијативи и манифестации. |
|
|